Динамо Загреб обезбеди плеј – офф и меч со Розенборг за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. Загрепчани славеа над Ференцварош во Унгарија со 4-0 и со вкупни 5-1 се пред портите во групната фаза во ЛШ.

Аријан Адеми со гол во 16 минута го најави пласманот во плеј-офот, потоа погодија Петковиќ, Олмо и Гојак за убедлива победа на Динамо.