Шахтјор и Динамо Загреб одиграа нерешено 2-2 во рамки на Ц конкуренцијата во Лигата на шампионите, голем бод за Хрватскиот шампион но и повреда за Аријан Адеми.

Конопјанка го доведе Шахтјор  во водство во 16 минута, Динамо израмни со голот на Олмо во 25 минута од средбата.

Сомнителен момент за истрага во 60 минута, голманот Пјатов немаше никаква потреба за старт  врз Гаврановиќ кој на Динамо Загреб му донесе пенал, сомнителен потег и ќе има простор за истрага. Реализираше Орсиќ за пресврт, 1-2 за шампионот на Хрватска.

ВИДЕО:

Конечните 2-2 ги постави Додо во 75 минута за бод на Шахтјор на домашен терен. Динамо и Шахтјор имаат по 4 бода во групата во која во моментов играат Јувентус и Локомотив Москва.