Турскиот фудбалски тим Малатијаспор се пласираше во 3.коло од квалификациите за Лигата на Европа и тоа најмногу благодарение на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, кој со својот погодок ја совлада словенечката Олимпија Љубљана.

Турскиот тим славеше со минимални 1-0 на гостувањето во Словенија и благодарение на ремито 2-2 на домашен терен мина во следната рунда од Лига Европа.

Јаховиќ го постигна голот во 77-та минута користејќи ја играчката предност на теренот, бидејќи еден фудбалер на Олимпија доби црвен картон уште во 38-та минута.

За Јаховиќ ова беше втор погодок во Лигата на Европа, бидејќи беше стрелец и на првата средба во Турција, но тогаш од пенал.