Мачестер Сити ја забележа втората победа  во Премиерлигата, славеше на гости кај Борнмут со 3-1, Агуеро двоен стрелец.

Сити добро го започна натпреварот, поведе преку Агуеро по 15 минути игра. Стерлнинг зголеми на 0-2 во 43 минута, кога се чинише дека првиот дел ќе заврши со 2-0 з а гостите, од слободен удар прекрасен гол постигна Хари Вилсон во судиското продолжение од првиот дел.

Агуеро повторно беше во фокусот на овој натпревар, во второто полувреме погоди за 1-3 во 64 минута  и го постави конечниот резултат на мечот.

Сити има ефект од две победи и еден нерешен резултат, Борнмут има по една победа, нерешено и пораз.