Екипите на Манчестер Сити и Челзи во овој момент го играат својот првенствен натпревар од 35.коло од Англиската Премиер лига.

Екипата на Манчестер Сити има предност од 1-0 по првиот дел со голот на Рахим Стерлинг во 44.минута.

„Граѓаните“ лесно можеа да дојдат до предност од 2-0 во судиското надополнување од првиот дел доколку Агуеро не го изведеше најлошиот пенал во неговата кариера.

Се обиде со паненка да го лобува Менди , кој остана смирен на средината од голот и го направи смешен овој обид на Аргентинецот.