Во 31-то коло од холандскиот шампионат, играчите на Ајакс го совладаа Емен со резултат 4:0 и на три кола пред крајот на сезоната,  ја одбранија титулата освоена во сезоната 2018/19.

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ беше двоен асистент во триумфот на неговиот тим. Капитенот на Ајакс го одигра целиот натпревар, и ова е негова втора освоена титула со исто толку национални купови.

 

“Ние сме Ајакс и секогаш сакаме повеќе. Има добра хемија во нашата група на играчи и имаме вистински менталитет. Ерик Тен Хаг е еден од најдобрите. Тој е навистина добар, јас сум секогаш зафатен со фудбал”, изјави Тадиќ за ЕСПН-камери по натпреварот.

Копјаниците се рекордери на Ередивизие со 35 трофеи на националниот шампион, пред ПСВ, кој има 24, и Феенорд со десет. Тимот од Амстердам претходно го освои Купот на Холандија.