Ерлинг Халанд и неговата Борусија Дортмунд декласирани во Амстердам на гостувањето кај Ајакс.

Шампионот на Холандија со 4:0 го победија очајниот Дортмунд, чиј капитен Марко Ројз со автогол во 11-тата минута го отвори резултатот, истиот беше удвоен од Дејли Блинд во 25-тата минута.

Уште два гола Ајакс постигна во вториот дел. Во 57-та прецизен беше Антони, додека конечните 4:0 ги постави во 72-та Себастијан Халер.

По третото коло во групата Ц Ајакс е прв со девет бода, втора е Борусија со шест, Спортинг со три е на третото место, а Бешикташ на дното без бодови.