Непосредно по реализацијата на трансферот на Матијс Де Лихт во Јувентус, од Ајакс испратија видео порака со која му посакаа се најдобро на нивниот поранешен капитен. Слично како и со Френки Де Јонг кој е веќе во Барселона, шампионот на Холандија на уникатен начин се збогуваше со талентираниот стопер.