Ајакс успеа да стигне до трофејот во Холандскиот куп, само три дена откако испаднаа од Рома во Лигата на Европа. Во финалето беа подобри од Витезе со 2:1.

Гравенберч го донесе Ајакс во водство со гол во 23-тата мунута, а Опенда од Витезе израмни во 30-тата минута.

Трофејот го донесе Нереш со гол во 91-та минута.

Ајакс со овој трофеј е со поблиску до двојна круна во Холандија, ако се знае дека и во првенството се доминантни.