Вердер со пресврт го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2-1, гостите беа подобри во првиот дел, домашните со два гола во второто полувреме стигнаа до посакуваните три бода.

Ајнтрахт поведе со голот на Силва уште во 9 минута, одлично реагираше и со глава го матираше противничкиот голман.

Во вториот дел, со двата гола на Гебре Селасие и Сарџент, Вердер стигна до победа со која ја запре серијата на тимот од Франкфурт кој имаше пет победи во низа.