Ајнтрахт Франкфурт со погодок во 86 минута стигна до бод и се спаси од пораз на дуелот со Мајнц кој заврши нерешено 1-1.

Ништо не било спектакуларно во резултатот, освен голот на Ајдин Хрустиќ, ваква реакција и ваков гол се реализира само еднаш.

Хрустиќ беше во пад, но реагираше како никогаш претходно, запиша гол и бод за својот тим, Ајнтрахт е на 5. место со 57 бода, бод помалку од Дортмунд и три од Волфсбург во трката за 4 место и излез во Лигата на шампионите.