Фудбалерите на Кристал Палас добро се намачија за да ги освојат трите бода на гостувањето кај Брајтон во натпреварот од 28 коло во Премиер лигата.

Домаќинот одигра одлично во првото полувреме но немаше среќа за да го матира Гуаита.

Единсетвениот гол на мечот го постигна Ају во 70 минута од мечот по асистенцијата на Бентеке.

Ова за Кристал Палас беше втора победа по ред а за Брајтон седми натпревар без триумф во низа во Премиер лигата .