Академија Пандев дебитантскиот настап во Европа лигата го заврши со два порази, и на реваншот со Зрињски тимот од Струмица е поразен, повторно со 3-0 .
Зрињски поведе со голот на Мандиќ во втoрото полувреме, погоди по пет минути игра .
На 2-0 зголеми Говедарица во 79 минута со прекрасен гол. Зрињнски доминираше на оваа средба а двомечот го доби со вкупни 6-0 по 180 минути игра. Академија Пандев на дебитантски гол на меѓународна сцена ќе почека до следниот настап.
Последниот гол е дело на Ренато Гојковиќ во судиското продлжение од мечот за конечни 3-0 по втор пат. Интересно е тоа што Лендриќ постигна три гола, но сите се поништени поради офсјад.
Be the first to write a comment.