Мартин Мирчевски е најефикасниот играч во ПМФЛ, напаѓачот на Академија Пандев на десет меча постигна десет гола во прволигашката конкуренција.

Академија Пандев, со пресврт и  два гола на Мирчевски стигна до победа против шампионот  Шкендија во Струмица.

Мирчевски вториот гол го постигна со глава, одлично реагираше, запиша убав гол. На листата на стрелците следуваат Ремзифаик Селмани со осум гола од Ренова,  Марјан Алтипармаковски од Брегалница има седум погодоци на третото место.