Попладнево во рамките на ПМФЛ беше одиграно 14 коло од домашниот фудбалски шампионат.

Стрелците беа расположени претпладнево, па на неколку натпревари имаше вистинска голеада.

Еден од најитересните натпревари денес се одигра во Струмица на стадионот „Младост“ , каде домашната екипа на Академија Пандев го доби натпреварот против Тиквеш со 3-2.

Мирчевски во 37.минута го отвори резултатот со гол од пенал, но не се чекаше многу за израмнување, кое дојде од страна на Каракамишев во 39.минута што беше резултатот по првиот дел.

Во вториот дел продолжија максималните возбудувања, а екипата на Академија Пандев повторно дојде до водство од 2-1 со голот на Радиќ во 60.минута, откако предходно останаа со играч помалку бидејќи беше исклучен капитенот Илиев.

Тиквеш го искористи тоа и веднаш израмни на 2-2 преку Камерунецот Нгоба. Кога сите мислеа дека тоа може да биде и конечниот резултат не мислеше така феноменалниот Мартин Мирчевски кој со својот втор гол ги донесе домаќините во водство од 3-2 што на крајот се покажа како конечен резултат.

Шкупи убедливо го совлада тимот на Пелистер со 5-0 , Шампионот Шкендија минимално славеше на Брегалница со 1-0 а екипата на Ренова продолжи со одличните игри и славеше со убедливи 1-4 кај Борец, додека пак Струга славеше над Работнички со 1-0.