Милан со 2-0 го победи Калјари на гости, Златан Ирахимовиќ се врати во составот на „росонерите“ и два пати погоди.

Ибрахимовиќ првиот гол го постигна од пенал, вториот од акција во три потега, се започна од голманот Донарума, продолжи Калабрија кој го најде Швеѓанецот во нападот, тој постигна убав гол.