Селекцијата на Словенија ни беше среќна на ЕП во одбојка и успеавме пред своите навивачи да ја совладаме со 3-1 во сетови. Судбината овие две земји ги спои и во квалификациите за ЕП во фудбал, а вечерва на стадионот „Тодор Проески“ ќе истрчаат со само една цел победа која ќе ги доближе до континенталниот собир.

Победата на одбојкарите, треба да е мотив плус за избраниците на Игор Ангеловски кои во случај на победа како никогаш досега ќе бидат во игра за едно од првите две позиции кој носат пласман на едно големо натпреварување.

Натпреварот Македонија-Словенија започнува вечерва со почеток во 20:45.