Најновото засилување на Реал Мадрид, Давид Алаба позираше со новиот дрес на денешната презентацијата во новиот клуб.

Тој ќе ја носи четворката на дресот, број кој со години беше во сопственост на Серхио Рамос кој ова лето премина во Реал Мадрид.

„Благодарен сум и горд што ќе можам да го носам овој дрес. Се надевам дека ќе успееме да освоиме многу трофеи. Имав повеќе понуди откако решив да го напуштам Баерн Минхен, но Реал Мадрид е остварување на мојот сон.“ – изјави Алаба.