Македонскиот фудбалски претставник во Лига Европа Македонија Ѓорче Петров загуби со 3-1 на првиот натпревар од првото квалификациско коло на гостувањето кај ерменскиот тим Алашкерт.

Алашкерт успеа преку Танков да дојде до предност од 1-0 во 16. минута со удар 23 метри.

Македонија ЃП изедначи преку Јашаровски во 52 минута. Домашниот тим по втор пат на мечот поведе сега со 2-1 гол кој беше постигнат во 66 минута и беше дело на Секулиќ.

Конечните 3-1 ги постави фудбалерот на Македонија ЃП Фернандињо кој во 82 минута си ја затресе сопствента мрежа.

Реваншот помеѓу овие две екипи е за точно седум дена во Скопје.