Екипите на Леванте и Алавес ги поделија бодовите и одиграа нерешено 2-2 во рамките на 35.коло од Шпанската Примера.

Алавес поведе со голот на Понс во 30. минута, но Моралес со два гола за само шест минути направи пресврт за Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 56. минута, но сепак не успеа да помогне Леванте да запише тримумф и неговиот тим  во завршницата прими гол за 2-2.

Алавес остна да ја води битката за опстанок во Примера и се наоѓа на 16.место , додека Леванте се наоѓа на 13. позиција со 39 бодови.