Јувентус е во резултатска криза, нема победа во тековната сезона на Серија А, на дербито со Милан одигра 1-1, а „старата дама“ водеше од 4-та па се до 76 минута кога израмни Ребиќ за „росонерите“.

Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри ги призна грешките на мечот, измените не биле соодветни, а се појави и видео како со пцости излегува од теренот:

„Еб**о лошо, сакаат да играат за Јувентус“ – рече Алегри при излегувањето од теренот.