Англискиот репрезентативец, Александер Арнолд му донесе водство на Ливепрул на гостувањето кај Челси по 14 минути игра со силен удар по асистенцијата на Салах.

За десниот бек на Ливерпул ова беше прв овосезонски гол, седми во дресот на Ливерпул по неговата промоција во сениорскиот тим.

Во 28 минута Аспиликуета постигна гол за израмнување но по асистенција на ВАР системот, голот беше поништен поради тоа што Маунт бил во офсајд.

Левиот бек на Ливерпул, Робертсон во 30 минута изведе корнер од а топката во мрежата на Челси ја смести Роберто Фирмино. по првите 45 минути, Ливерпул замина со предност од 2:0.