Македонија ЃП и Шкендија одиграа трилер натпревар со седум гола, славеа гостите од Тетово со 3-4, а победничкиот гол е дело на Алими пред крајот на мечот.

Кога сите мислеа дека дербито ќе заврши без победник во 92.минута Алими стрелаше за 4-3 и за победа на Шкендија, претрча 60 метри и погоди на маестрален начин.