Македонскиот репрезентативец Егзијан Алиоски синоќа го постигна голот првенец во новата сезона,откако се запиша во листата на срелци во куп мечот против Хал,но погодокот донесе малку сатистфакција за него по испаѓањето во пенал серијата.

„Постигнав гол, меѓутоа многу подобро ќе беше подобро ако победевме. Голот нема големо значење, затоа што не сме во второ коло. Секогаш уживам кога ќе постигнам гол, ама повеќе сакам да победуваме. Сега не се случи тоа. Сигурно, ова не беше мојот најдобар натпревар, се борев, дадов сè од себе, но… Како да бевме мрзливи на терен. Можеби бевме сигурни дека лесно ќе ја минеме првата пречка. Ова е Лидс, клуб кој секогаш цели кон трофеи, без разлика од кое натпреварување. Карабао Купот не е така атрактивен, но сепак на крај носи титула“, изјави Алиоски.