Езџан Алиоски погоди за Лидс во 38 минута против ВБА за минимална победа, натпревар од 10. коло во Чемпионшип.

Лидс Јунајтед освои важни три бода во борба за врвот, супер форма на Алиоски пред настапите за репрезентацијата на Македонија против Словенија во Скопје и Полска во Варшава.

За Алиоски ова е прв гол сезонава во дресот на Лидс Јунајтед кој е на врвот во Чемпионшип со бод предност пред ВБА.