Македонскиот репрезентативец, Алиоски втор натпревар по ред не е дел од почетниот состав на Лидс во натпревар од Премиер лигата.

Според последните информации од Англија, преговорите за нов договор меѓу Алиоски и Лидс не течат според планот на Биелса па поради ова левиот бек добива „опомена“ со тоа што повторно не е дел меѓи стартерите, овојпат за дуелот со Саутепмтон.

Алиоски пред официјалното загревање реши да ја „нападне“ камерата во тунелот пред влезот на теренот…

Алиоски и во минатото коло беше на клупата за Лидс во пресметката со Вулвс.