Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Лидс ја совладаа екипата на Тотенхем со 3-1 во рамките на 35.коло од Англиската Премиер лига.

Македонскиот репрезентативец можеби го одигра најдобриот натпревар во својата кариера во Премиер лигата, и покрај асистенцијата , беше непогрешлив и во фазата на одбрана и во нападот.

Далас во 13. минута го отвори резултатот и донесе водство за Лидс. Само 12. минути подоцна, Сон се најде на вистинското место и го врати Тотенхем во живот, но пред крајот на полувремето по една одлична тимска акција, Алиоски додаде до Бамфорд, а англискиот напаѓач без проблеми го врати водството на својата екипа.

Во вториот дел Тотенхем со сите сили тргнаа по израмнување но не успеа а промашените шанси на гостинскиот тим ги казни Родриго во 84.минута за конечни 3-1.