Лидс се зацрвсти на првото место на табелата во Чемпионшип лигата во Англија по денешната победа над Стоук на гостински терен од 3:0.

Во листата на стрелци се запиша и нашиот репрезентативец , Езгијан Алиоски откако во 50 минута постигна гол за гостинот за 2:0.

По 5 кола, Лидс е лидер со скор од 4 победи и едно реми а во следното коло ќе игра со Свонси на домашен терен.