Голманот Алисон Бекер херој на Ливерпул со гол во 95-тата минута му донесе многу важна победа на својот клуб. Овој гол на Алисон може да биде клучен во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Инаку, овој меч не почна добро за ланскиот шампион во Премиер Лигата. Домаќинот ВБА дојде во водство по 15 минути игра со голот Хал Робсон Кану.

Ливерпул се врати во 33 минуа со голот на Мохамед Салах.

А за пресвртот чекаа многу многу долго, односно до последниот миг на натпреварот, кога херој стана Алисон Бекер, кој стрелаше во 95-тата минута по еден добро изведен корнер Трент Александер Арнолд.

Со оваа победа Ливерпул на две кола до крајот дојде на само бод до четвртиот Челзи и на три до третиот Лестер, кој треба да играат меѓусебен дуел во Премиер лигата веќе следното коло, што е шанса за Ливерпул да дојде до место кое води во европската елита.

Standings provided by SofaScore LiveScore