Фудбалската репрезентација на Алжир е новиот владетел на Африка откако во финалето на Купот на Африканските нации го совлада Сенегал со минимални 1-0. Натпреварот беше решен уште во втората минута со погодокот на Багдад Буџенах.

Победата на Алжир се славеше неверојатно бучно насекаде низ светот каде има жители од оваа држава. Впечатлива беше прославата во Лондон со илјадници на улиците но и во Париз каде исто така се славеше титулата.