САД ја победи Англија со 2-0 во рамки на „2020 SheBelieves Cup“ кој се одржува во Орландо, Македонецот Влатко Андоновски е селектор на Американките кои блескаа на оваа средба.

Репрезентативката на САД, Кристен Прес постигна ретко убав гол на овој натпревар, во 53 минута шутираше неодбранливо за водство 1-0, гол кој ретко се гледа и во машкиот фудбал.