ПСЖ по првиот дел има шокантна негатива од 3-1  во мечот против Амиен, кој се наоѓа  на дното од табелата во Лига 1.

Домаќините перфектната партија ја најавија уште во 5.минута со голот на Гираси, а Какута со неверојатен гол зголеми на 2-0.

Во финишот од првиот дел Диабате по една контра ја завери убедливиот резултат на аутсајдерот, а гол за надеж за гостите од Париз постигна повратникот во тимот Андре Ерера во судиското продолжение од првото полувреме.