Амиен и ПСЖ одиграа спектакуларен меч каков ретко се гледа, натпревар кој заврши без победник со резултат 4-4.

Домаќините ги одиграа најдобрите 40.минути сезонава во кои стекнаа предност од три погодоци. Во финишот на првиот дел Ерера го најави епскиот пресврт на „Светците“. Избраниците на Тухел во второто полувреме со двата голови на Куаси и погодокот на Икарди стигнаа до целосен пресврт.

Сепак, во финишот Амиен успеа да стигне до бод со голот на  Гираси и им „скина“ два поени на лидерот во Лига 1.