Интер и Јувентус одиграа 1-1, гостите од Торино дојдоа до бод во 89 минута, Дамфрис реагираше непотребно и несмасно и направи контакт  со Алекс Сандро, а судијата Маријани по прегледувањето на снимката досуди пенал за „старата дама“.

Повторно „спорен момент“, на големо дерби меѓу Интер и Јувентус, на социјалните мрежи жестоки критики од двете страни, видеото од пеналот се прераскажува, а „старата дама“ заминува од Милано со бод.