Карло Анчелоти може да не го дочека следното коло во Серија А откако неговиот тим денеска го претрпе четвртиот овосезонски пораз.

Синиша Михаловиќ има уште една причина за радост откако неговите фудбалери покажаа карактер на денешното гостување кај Наполи.

Болоња победи со 2:1 иако губеше по првото полувреме со 1:0 откако Љоренте го совлада Скорупски.

Во вториот дел Сков Олсен реализираше за 1:1 во 58 минута а конечните 1:2 беа дело на Шансоне во 80 минута.

 

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас беше дел од старниот тим а Анчелоти го повлече од игра во 65 минута, шанса доби Мертенс.

За Наполи ова беше втор пораз од Болоња по ред а шести натпревар без триумф во Серија А.