Англија го совлада Косово во Приштина со убедливи 4-0 на стадионот „Фадиљ Вокри“ за седма победа во квалификациите.

Косово во одредени моменти од мечот беше рамноправен противник против „Гордио Албион“ , пресуди искуството, Англија поведе преку Винкс во 32 минута.

Англија на 2-0 зголеми преку Кејн во 79 минута, со ова беше најавена убелдивата победа.

До крајот на мечот уште два гола во мрежата на Косово, Рашворд погоди за 3-0 во 83 минута, во судиското продолжение Маунт погоди и за 4-0. Со овие три бода Англија ја потврди првата позиција со 21 бод во групата А, Косово со 11 бода е на третото место.