Ѕвездата во подем на Барселона, Ансу Фати се запиша во историјата на клубот како најмлад стрелец а воедно тој е и третиот најмлад од постоењето на Ла Лига.

По дебито против Бетис, Ансу денеска повторно доби шанса од клупата за резерви на гостувањето кај Осасуна и постигна гол во ремито од 2:2.

Барселона беше на чекор до победа откако преку Артур дојде до 2:1 во 64 минута но Торес со својот втор гол во 81 минута од пенал, се погрижи Осасуна да освои бод.