Новиот фудбалер на шпанската Барселона, Антон Гризман изјави дека е среќен што потпиша за каталонскиот гигант и посакува да ги освои сите трофеи сo екипата.

Гризман во Барселона според договорот ќе остане до 2024 година,а неговата откупна клаузула е неверојатни 800 милиони евра.

” Среќен сум и возбуден што сум овде. Со нетрпение чекам да започнам да тренирам играм со новата екипа. За мене оваа ќе биде вистински предизвик во кариерата и посакувам со Барселона да ги освојам сите трофеи “ изјави францускиот репрезентативец на официјалната промоција во новиот тим.

Гризман дополни дека тешка била одлуката да се напушти Алтетико Мадрид каде настапуваше последните пет години.

Во Атлетико Мадрид одигра вкупно 257 натпревари каде постигна 133 гола и запиша 50 асистенции.

Францускиот фудбалер својата кариера ја започна во Реал Сосиедад пред да се пресели во Атлетико Мадрид.

 

 

.