Анжер ја запиша седмата овосезонска победа во Лига 1 откако вечерва го совлада Ним со 1:0 во натпревар од 14 коло.

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Влатко Стојановски доби шанса од клупата за резерви и влезе во игра во 72 минута но неможеше ништо поконкретно да направи за неговиот тим да го избегне шестиот пораз, втор во низа во националниот шампионат на Франција.

Единствениот гол на мечот го постигна Мангани во 67 минута.

По денешниот пораз Ним остана на последното место на табелата со 11 бода, Амжер сега е втор со 24 бода, девет помалку од лидерот ПСЖ.