Аргентина не успеа да ја сочува предноста од два гола против Колумбија, ремизираше 2:2 во натпревар од квалификациите за пласман на СП во Катар.

Преку Ромеро и Пакета Аргентина дојде до 2:0 но Колумбија се избори за бод со головите на Муриел и на Борха.


Бразил немаше проблеми со Парагвај совладувајќи го со 2:0, прецизни беа Нејмар и Пакета.

На останатите три натпревари од мундијалските квалификации, Венецуела – Уругвај 0:0, Чиле – Боливија 1:1 и Еквадор – Перу 1:2.