Аргентина е во голема тага, милиони луѓе се простуваат од својот фудбалски бог, еден и единствен Диего Армандо Марадона.

Телото на Марадона е поставено во главниот град Буенос Аирес, сите кои го почтуваат ќе може лично да се простат од големиот Дон Диего.