Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми го постигна еден од најбрзите голови во историјата на хрватското првенство, најбрз во неговата кариерата.

Адеми погоди во 23 секунда во дербито на Динамо Загреб и Ријека во чија одбрана од првамта минута започна нашиот репрезентативец, Дарко Велковски.