Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра 90 минути во поразот на Динамо Загреб на домашен терен против Вест Хем.

Тимот од Англија дојде до три бода постигнувајќи два гола на Максимир.

Првиот беше дело на англискиот шпиц кој блеска годинава, Мајкл Антонио. Тој беше прецизен во 22-та минута.

Конечните 0:2 ги постави Деклан Рајс со гол во 50-тата минута, гол кој беше вистинска убавица, откако Деклан Рајс искористи еден лош пас на Хрватите и сам го мина целиот терен пред да постигне гол за својот тим.

Во другиот меч од оваа група, Генк на гости славеше со 0:1 против Рапид Виена.