Арсенал со 2-1 го победи Ливепрул во дербито на колот во Премиерлигата, интересно е тоа што „топџиите“ само два пати го погодија голот на противникот и постигнаа два гола.

Ливерпул поведе со голот на Мане во 20 минута и застана. Арсенал преку Лаказет и Нелсон стигнаа до пресврт и победа против шампионот на Англија. Сите голови постигнати во првото полувреме.

Арсенал со оваа  победа стигна  до 53 бода и останува во игра за Лига Европа.