Екипата на Арсенал очигледно го најде ритамот за успех во сезоната откако по двете врзани победи во првенството и една во лига купот, тимот на Микел Артета го демолира градскиот ривал Тотенхем во дербито на северен Лондон , откако на полувреме има предност од високи 3-0.

Топчиите се распукаа и за само 22 минути постигнаа три гола, повеќе од вкупниот скор на погодоци што Топчиите го имаа во првите пет кола, кога постигнаа само два гола.