Екипата на Арсенал очигледно го најде ритамот за успех во сезоната откако по двете врзани победи во првенството и една во лига купот, тимот на Микел Артета го демолира градскиот ривал Тотенхем во дербито на северен Лондон со 3-1.

Арсенал играше фуриозно во првите 45 минути и има огромни 3:0. Резултат во кој не веруваа, дури и нај големите оптимисти пред натпреварот.

Домашните поведоа во 12. минута преку Смит Роу, Аубмејанг зголеми во 27. минута, а Сака го надополни одличното прво полувреме во 34. минута.

Во вториот дел Арсенал успеа да ја исконтролира средбата до самиот крај , а Тотенхем успеа да намали на 3-1 преку Сон и со тоа да го постави конечниот резултат.