Фудбалерите на Арсенал имаат сезона за заборав во Премиер лигата, но сезоната секако ќе се памети и по големиот успех во ФА Купот.

Арсенал дојде до рекордната 14-та круна од ова натпреварување во клупската историја, повод за славање во соблекувалната но и на социјалните мрежи заедно со навивачите.

„Топџиите“ во финалето го совладаа Челси со 2:1 со двата гола на Обамејанг.