Без посериозни изненадувања мина вториот вечерен термин наменет за воведните пресметки во 1/16 финалето во Лига Европа.

Лондонски Арсенал благодарение на голот на Лаказет во 81 минута го скрши отпорот на Олимпијакос и победи на гостувањето во Грција со 1:0.

Баер Леверкузен го доби дербито со Порто со 2:1 па со минимална предност ќе патува на реваншот во Португалија.

Вулверхемптон го декласираше Еспањол со 4:0 и само чудо може да го спаси составот од Шпанија во обидот да дојде од осминафиналето.

 

Базел победи на гостувањето кај Апоел со 3:0, АЗ Алкмар ремизираше со ЛАСК 1:1, Ренџерс со пресврт го доби соочувањето со Брага со 3:2, Волфзбург го надигра Малме со 2:1, а Рома обезбеди минимална победа над Гент во Рим.