Арсенал загуби од Ајнтрахт со 1-2 иако прв поведе на средбата со голот на Обамејанг пред крајот на првиот дел, средба од Европа лигата.

Ајнтрахт успеа да го сврти резултатот во вториот дел, головите се дело на Камада во 55 и 64 минута за победа на тимот од Франкфурт.

Со овие три бода, Ајнтрахт се доближи на  бод негатива на Арсенал во групата во која „топџиите“ се лидери со 10 бода, на третото место е Стандард Лиеж со 7 бода.

Арсенал веќе седум средби не знае за победа а последниот пораз стигна во Европа лигата. Тренерот Унаи Емери е пред отказ.