Бразилецот, Давид Луиз дефинитивно ќе биде дел од Арсенал во новата сезона во Премиер лигата. Стоперот потпиша двегодишен договор со „Топџиите“ кои на Челси му исплатија 8 милиони фунти.

„Давид има големо искуство и едвај чекам повторно да работам со него. Тој е добро познат играч кој ќе донесе сила во нашата одбрана“ – изјави Емери.

 

View this post on Instagram

 

🇧🇷 David Luiz is a Gunner! #BemvindoDavid #Luiz #Arsenal #AFC @davidluiz_4

A post shared by Arsenal Official (@arsenal) on

Навивачите на Челси на социјалните мрежи го изразуваат гневот кон Луиз кој во последен момент одлучи да си замине а тоа го налути и Лампард, но трансферот е реализиран па гневот ќе мора да го сочуваат за првото градско дерби оваа година меѓу Челси и Арсенал.